Кизиќ: Нѝ следува тежок дуел против Порто, но бркаме два бода

Младиот голман на Вардар кој блескаше минатата сезона, а и во оваа веќе покажува дека може сериозно да се смета на него на натпреварите, Марко Кизиќ е одлично расположен пред натпреварот против Порто.

Вардар сезонава има тројца голмани кои можат да одговорат на предизвиците, а факт е дека најмладиот од нив секогаш блеска кога ќе се најде на голот и има спектакуларни интервенции, па ова може да биде од големо значење и утревечер.

Пред утрешниот дуел на кој Вардар ќе оди на нова победа, тој најавува нова добра партија, а потврдува дека натпреварот против Фленбург им помогна многу сега да влезат далеку помотириврани на теренот.

Без разлика кој ќе го почне натпреварот утревечер јасно е дека ќе може да се види добра партија од голманите и може да се очекува голема поддршка од нив за одбраната.

„После натпреварот против Флензбург моралот на екипата е кренат на едно уште повисоко ниво. Сега нѝ следува дуел против Порто и бркаме нови два бода. Минатата година против Порто на гости беше навистина тешо. Сега екипата изгледа поинаку оттогаш, но имаме наши шанси. Ќе мораме да покажеме голема борбеност и голема посветеност и мотивација. Имаме дефинитивно големи шанси за да дојдеме до победа, но никако нема да биде лесно. Порто се засили со некои ракометари. Се работи за квалитетен состав, но предноста за нас доаѓа и од тоа што победивме против Флензбург. Оваа победа нѝ е голем мотив за овој дуел кој нѝ следува сега“, изјави Марко Кизиќ.

Натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Ова е средба од 5. коло во Лигата на шампионите, а е трет дуел сезонава за Вардар бидејќи беа одложени натпреварите против Елверум и Пик Сегед.