Кизиќ: Во Еурофарм Пелистер ќе можам да докажам својот потенцијал

Еурофарм Пелистер комплетно ја смени голманската тројка. На местото на Чаневски, Трајкоски и Хендави, во клубот дојдоа Марко Кизиќ, Филип Ивановски и Мартон Секељ.

Македонскиот репрезентативец Кизиќ верува дека во Битола ќе може да го извади максимумот од себе.

„Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе. Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува“, изјави Кизиќ.

Еурофарм Пелистер е на подготовки во Маврово, а до Суперкуп дуелот со Вардар ќе одигра три меча против Еурофарм Пелистер 2 и Металург.