Келце три седмици без Карачиќ!

Игор Карачиќ го пропушти дербито со Висла Плоцк во полскиот шампионат и се уште не е способен за настап, па ќе ги пропушти и следните две средби на Келце во Лигата на шампионите.

Тренерот Талант Душебаев потврди дека некогашниот среден бек на Вардар, нема да игра против Монпелје.

„Игор мора да паузира три седмици. Ќе направиме се за да биде способен за настап против Порто, но ако има некаков ризик, нема да ги користиме неговите услуги“, изјави Душебаев.

Покрај Карачиќ, проблеми имаат и Кшиштоф Лијевски и Анхел Фернандез, кој заработи повреда на грбот за време на финалниот натпревар од ЕП против Хрватска.