Келце без мака против Елверум

Ракометарите на Келце одиграа одличен натпревар против Елверум во Лигата на шампионите. Убедливиот триумф со резултат 39:29 над екипата на Елверум, моментално ракометарите на Келце ги смести на првата позиција во А групата.

Елвeрум водеше во почетните минути со головите на Хедберг и Блонц, 1:2. Избраниците на Талант Душебаев во преостанатиот тек од првиот дел имаа контрола на резултатот. Расположени за игра беа Душебаев, Вујовиќ и Морито, а добрата реализација им донесе предност во првото полувреме од 20:14.

Во вториот дел продолжи добрата игра на домашните ракометари кои ја искористија целосната деконцентрација на гостите од Норвешка. Водството растеше од минута во минута, а веќе во 43.минута резултатот беше 27:20 за Келце.

Ова беше осма победа за шампионот на Полска во овогодинешното издание во Лигата на шампионите. Најефикасен во победничкиот тим беше Артем Каралек со седум погодоци. Во составот на Елверум најефикасен беше Томас Солстад со осум погодоци.