Келце запиша нова историја: Во седум дена двапати ја сруши моќната Барса

Екипата на Келце одработе неверојатен натпревар во кој имаше одличен финиш и го совлада составот на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Барселона со 29:27.

Барселона беше подобриот противник 55 минути, а потоа се случи пекол во Полска во кој Келце се крена и од загубен дуел дојде до голема победа со која го забетонира првото место во Групата Б.

Ракометарите на Барса имаа одличен старт. Постојано беа во водство и имаа одличен резултат и контрола. Во 13. минута имаше 8:4 и овој резултат најави реванш за поразот минатата седмица. Работите се движеа кон победа, но Каталонците мораа да запнат на максимум за да се одржат во предност.

До крајот на првото полувреме Барса се одржа во предност, а на одмор замина со 16:14, резултат кој беше слика на играта прикажана во првиот дел кога гостите имаа многу повеќе од играта.

Цели 55 минути траеше доминацијата на екипата на Барселона и постојаната контрола на водството. Во текот на целиот овој дел од средбата гостите имаа 2-3 разлика, но кога требаше најмногу почнаа грешките и главно недисциплинирана игра во нападот. Девет минути гостите заборавија на голот на Келце. Резултатот во 52. минута беше 27:23 за Барселона, а потоа се случи Волф, кој одбрани неколку тешки удари, добра одбрана и избрзани шутеви. Сето тоа придонесе за пресврт и победа на Келце од 29:27.

Со ова Келце се најде на списокот на малку тимови кои успеале во една сезона двапати да ја надиграат Барселона. Воедно стана еден од ретките тимови кој успеал двапати во седум дена да ги совлада Каталонците.

Волф заврши со девет интервенции, а најефикасен беше Алекс Душебаев со осум погодоци. Перез де Варгас во Барселона имаше 12 одбрани меѓу кои имаше еден седмерец откако беше погоден во глава од Морито. Прв стрелец беше Арињо со пет гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140