Келце доби лиценца за настап, но уште не се знае дали ќе игра

Три екипи кои се дел од најсилната лига на Полска која брои 14 екипи се наоѓаат под надзор на раководството на Супер лигата, а меѓу нив е и шампионот Келце.

Сите 14 екипи добија лиценца за настап за новата сезона, но Келце, Калиш и Погон остануваат во неизвесност до последен момент.

За да се добие лиценца клубовите морале да исполнат неколку услови во согласност со спортските, правните, финансиските и инфраструктурните критериуми.

Во известувањето од Супер лигата на Полска не се споменуваат конкретни „мерки за надзор“ за овие три клуба односно каде има недостатоци. Сепак, овие работи ќе мора да се средат во скоро време бидејќи новата сезона стартува на 4 септември.