Келце ги реши финансиските проблеми – најде спонзор што инвестира во Баерн и Манчестер Сити!

Финансиските проблеми на Келце не се тајна, но се чини дека ракометарите на полскиот првак може да здивнат, бидејќи беше објавено дека клубот ќе добие многу повеќе финансии од еден од постоечките спонзори.

Станува збор за германска брокерска компанија „Howden Donoria“ која има претставништво и во Полска и која веќе осум години го помага Келце, но сега ќе го зголеми финансирањето повеќекратно.

Оваа компанија спонзорира и два фудбалски гиганти како Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Келце обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите и ќе се соочи со словенечкиот Целје, а доколку го мине овој тим, во четвртфиналето ќе игра против францускиот ПСЖ или романскииот Динамо Букурешт.