Кевин Мелер: Има разлика – една сезона во Барселона или три во Флензбург

Голманот на Барселона, Данецот Кевин Мелер го објасни својот потег за напуштањето на екипата и преселбата во редовите на Флензбург.

Тој се одлучи да се врати во Бундес лигата, а во следните три години ќе ги брани боите на тимот на Флензбург кој го освои првото место во Групата А од Лигата на шампионите.

Данскиот голман Кевин Милер го објасни неговиот потег од Барселона во Флензбург.

„Поминaв три години во Барселона и сум многу среќен поради ова. Сепак, постои голема разлика кога можете да поминете една година во Барселона или три во Флензбург. Јас би сакал да останам во Барселона, но тешко е да се прифати договор на една година бидејќи доколку се повредите останувате без тим. За мене во моментов беше побезбедно да поминам три години во Флензбург“, вели Мелер.

Со ова станува јасно дека Мелер ќе биде дел од тимот на Флензбург до 2024 година што значи дека Барселона мора да ангажира нов голман.