Квартет засилувања за Јуниор Кисела Вода

Тимот на Јуниор Кисела Вода објави за постигнатите договори со четири засилувања во пресрет на новата сезона.

Станува збор за голманот Александар Стојаноски кој доаѓа од Струга, левиот бек Стефан Стојановски од Пролет, како и пикерот од Бутел Скопје, Марко Трајковски.

Покрај нив, доаѓа и десниот бек од Србија, Жарко Барјактаревиќ, кој доаѓа од тимот на Раднички Крагуевац. 

Голем дел од играчите од минатата сезона исто така ги продолжија договорите, а тренерот Благојче Весиќ ќе ја изврши првата прозивка на 29 јули.