Кањелас: Освоив многу титули, но европската со Вардар е нешто посебно!

Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас ја завршува втората сезона во унгарскиот ПИК Сегед, но лани беше запрен од поранешниот негов клуб, Вардар, во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тој има седум настапи на завршните турнири во Лигата на шампионите со тимови како Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил, но само со Вардар ја освои титулата.

„Играв на Ф4 седум пати, но првите пет пати беше без славење.Толку многу пати бев блиску, мислев дека никогаш нема да ја освојам титулата. Многу луѓе прашуваат колку титули во ЛШ имам освоено – само една, и затоа е специјална. Ја гледам сликата како плачев на средината на теренот во Келн. Се чувствував како да сум во тој момент и дека околу мене нема никој. Тоа е многу специјален момент за мене бидејќи потешко е да освои титулата во ЛШ отколку медал на големите натпреварувања. Не можам да заборавам никогаш колку фанови не пречекаа во Скопје“, вели Кањелас.

Вардар во полуфиналето славеше над Барселона со еден гол, 26-25, а потоа во финалето триумфираше над ПСЖ со 24-23.