Кањелас: Не го прикажавме најдоброто, но го искористивме уморот на Вардар

ПИК Сегед за првпат триумфираше во Скопје против тимот на Вардар со 26-28 во заостанатиот натпревар од Лигата на шампионите.

Некогашниот вардарец Жоан Кањелас вели дека неговиот тим реализирал во клучните моменти од натпреварот.

„Ова беше многу важен меч за нас, на никого не му беше лесно за време на мечот затоа што дојдовме во една неочекувана ситуација кога се работи за поените. Моравме да одиме на победа. Тоа ни донесе притисок, бевме во некои моменти многу нервозни. Не го прикажавме најдоброто, ама важно е дека дојдовме до победа. Вардар водеше од почетокот, играше доста добро во нападот, нашата одбрана имаше проблеми со Чупиќ и со пикерите. Во вториот дел Вардар се умори, ние станавме агресивни во одбраната и дојдовме до еден егал меч, во кој погодивме во клучни моменти“, изјави Кањелас.

Следниот меѓусебен дуел овие две екипи ќе го одиграат в четврток со почеток во 18:45 часот.