Кањелас: Во полуфиналето се е можно…

На последниот натпревар од главната фаза во групата во Виена, Шпанија одигра нерешено со Хрватска 22:22 и како првопласирана продолжува во полуфиналето. Поранешниот играч на Вардар, а сегашен член на ПИК Сегед, Жоан Кањелјас имаше свој коментар за натпреварот.

„Денеска знаевме дека играме против многу добар тим. Овој дуел беше важен и за двете екипи, но најважниот дуел следи за два дена. Направивме добра работа, игравме добро но со помош на нивните навивачи Хрватите ја намалија негативата. Потоа притисокот од публиката беше се посилен и ова е Хрватска зборуваме за навистина квалитетен тим. Во полуфиналето очекувам да биде неизвесно и со поголем интензитет, ќе биде поразлично. Знаевме дека не очекува важен меч во полуфиналето, најважно денеска беше да се чувствуваме добро, да внимаваме да не се повредиме и сите да играат. Мислам дека двете екипи винмаваа на ова“, изјави Жоан.

Шпанецот накратко прокоментира и за целите на ова првенство и за притисокот кој го чувствуваат.

„Имаме притисок да победиме, да обезбедиме учество на Олимписките игри тоа е вистинскиот притисок за нас. Во полуфиналето се е можно, сите екипи кои се тука го заслужуваат местото. Ќе се обидеме да се одмориме, да се подготвиме и да одиграме подобро и се надевам дека во петок ќе дадеме сто проценти“, продолжи Кањелас.

Тој прокоментира и за тоа кој противник повеќе би им одговарал во полуфиналето.

„Не знаеме дали ќе играме со Словенија или Норвешка, мислам дека денеска Норвешка ќе игра со играчите кои добива помалку шанса и не знам дали тоа ќе го направат и Словенците. Стилот на Словенија е поблиску до нашиот што не е баш добро за нас. Можеби Норвешка е подобар противник за нас, но тешко е да се каже тоа бидејќи играат навитина добро. Двете екипи се многу опасни“, заврши Шпанецот.