Кашпарек: Имаме израмнета група со Вардар, ПИК Сегед…повеќе екипи ќе се борат за високите позиции

Ракометарите на Вардар ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тука се старите познаници Елверум, Монпелје, ПИК Сегед, Кил, Мешков Брест, Загреб, а интересен ќе биде двобојот со данскиот Алборг, кој стигна до Ф4 сезонава.

Еден од ривалите ќе биде Мешков Брест, кој го донесе десниот бек од ПИК Сегед, Станислав Кашпарек.

„Навистина многу интересна ждрепка. Имаме изедначна група со Вардар, ПИК Сегед, Монпелје…во која многу екипи ќе се борат за високите позиции. Како и секогаш треба да одиме меч по меч, но секогаш треба да се бориме за победа. Секако радосен сум што ќе играме со ПИК Сегед и ќе биде пријатно да се сретнам со старите пријатели пред полни трибини“, вели Кашпарек.

Вардарци ќе стартуваат на гости кај норвешкиот Елверум, а во второто коло токму Мешков Брест ќе биде ривал во СЦ „Јане Сандански“.