Кастриоти на Станковски му „украде“ бод на косовскиот шампион

466

Екипата на Кастриоти, која е предводена од македонскиот тренер Аце Станковски, го одигра најдобриот натпревар во последните две сезони во шампионатот на Косово.

Тимот на Станковски во натпревар од 11. коло од тамошниот шампионат успеа да освои бод против актуелниот шампион, Беса, откако неизвесниот дуел заврши без победник, 31:31.

Во составот на Кастриоти поради повреда не настапи Кристијан Анастасовски, додека екс ракометарот на Борец, Тиквеш и Вардар Неготино, Борис Ристовски беше стрелец на три гола.

Кастриоти моментално е позициониран на 4. позиција во најквалитетното натпреварување на Косово и има големи шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите три екипи.