Кастратовиќ го откри планот на подготовки на Металург

Тимот на Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 20 јули, а тие ќе се одвиваат во четири фази.

Првата би требала да биде во Автокоманда, па екипата да се пресели во Маврово, за на крај да има настапи во Струга и во рускиот Чехов.

Тренерот Кастратовиќ се надева дека нема да има проблеми за навремен старт на подготовките.

„Се надевам дека на 20 јули ќе можеме непречено да ги почнеме подготовките за новата сезона. За првите два дена од подготовките се предвидени тестирања и лекарски прегледи, а потоа постепено почнуваме со стандардните тренинзи за физичка и техничко-тактичка подготовка. Во Автокоманда ќе работиме до 30 јули, а потоа до 11 август подготовките ќе ги продолжиме во Маврово“, вели Кастратовиќ.

Металург досега ги донесе Хорват, Канкараш, Рниќ и Потиќ, а нови договори добија Поповиќ, Шилегов, Дупјачанец и Лазаревски.