Кастратовиќ ги „маѓепса“ Саудијците – 5.000 навивачи го скандираа неговото име (ВИДЕО)

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ стана миленик на навивачите на Ал Мудар во Саудиска Арабија.

Овој тим е лидер на табелата по есенскиот дел на првенството, а тоа се случи по победата над директниот и најголем ривал Ал Нор со 27-20.

На последниот натпревар повеќе од 5.000 навивачи го скандираа неговото име, а тој им се придружи во големото славје.

Кастратовиќ е поранешен тренер на Вардар, Металург и Пролет, екс селектор на женската селекција на Македонија.

Претходно ги водеше Беране, Сутјеска, Слобода Тузла, Ал Џаиш, како и репрезентациите на Иран и Црна Гора.