Кастратовиќ ги избра најдобрите: Вујовиќ, Дибиров, Индира, Карабатиќ, Неагу…

Тренерот на тимот на Металург, Зоран Кастратовиќ, во интервју за црногорскиот „МНЕ Рукомет“, откри кои ракометарки и ракометари се наоѓаат во неговиот избор за најдобрите на сите времиња.

Според Кастратовиќ, во машка конкуренција идеалниот тим на сите времиња го сочинуваат Мирко Башиќ, Миле Исаковиќ, Веселин Вујовиќ, Никола Карабатиќ, Олафур Стефансон, Лук Абало и Магнус Висландер.

Во идеалниот тим меѓу играчите со кои играл или тренирал, меѓу другите ги смести Небојша Симиќ, Тимур Дибиров, Игор Карачиќ, Алекс Душебаев…

Не ја заборави ниту неговата сопруга и нашата некогашна репрезентативка Индира Кастратовиќ, која заедно со Цеца Китиќ, Јованка Радичевиќ, Бојана Поповиќ, Кристина Неагу, Зинаида Турчин, Ања Андерсен и Маја Булатовиќ е меѓу најдобрите на сите времиња.