Карачиќ ќе биде подготвен за Вардар

Иако пропушти два натпревари од полскиот шампионат, а не беше дел ниту од хрватската селекција на дуелите против Германија, сепак некогашниот вардарец Игор Карачиќ ќе биде подготвен за гостувањето на неговиот Келце кај Вардар.

Карачиќ се врати во Полска, веќе почна да тренира со екипата, но не играше против Квиджун во домашната лига, туку Талант Душебаев го „чуваше“ за пресметките со Веспрем и Вардар во Лигата на шампионите.

Хрватскиот среден бек имаше повреда на градите заработена на мечот со Висла Плоцк, беше на лекарски третман во Скопје, па сега е подготвен за новите предизвици.

Во ростерот на Келце по подолго време се вратија повредените Бранко Вујовиќ и Даниел Душебаев, но левото крило Матеуш Јахлевски ќе паузира најмалку до Нова Година, додека левиот бек Томаш Гебала, кој скина лигаменти, ќе ја пропушти веројатно целата сезона.