Карачиќ, Миклер, Абутовиќ, Ненадиќ, Мораес….сите му го честитаа трансферот на Вујин во Вардар (ФОТО)

Некогашниот бомбардер на Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон – Марко Вујин во следните две години ќе биде ракометар на Вардар.

Европскиот првак го официјализираше трансферот на социјалните мрежи, а потоа и Вујин се пофали за новиот предизвик во кариерата.

Екс српскиот репрезентативец остави голема трага во дресот на „зебрите“, па од германскиот тим не заборавија на него и му го честитаа новиот трансфер.

Покрај честитката од германскиот клуб, среќа на Вујин му посакаа Роланд Миклер, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Немања Обрадовиќ, Петар Ненадиќ, Андреас Паличка…