Карачиќ: Изненаден сум, но верувам дека ќе се најде решение за Келце!

Полскиот шампион Келце ќе има големи финансиски ако во следните два месеци не го собере потребниот износ од 560.000 евра за нормално функционирање.

Главниот спонзор, компанијата ВИВЕ нема веќе да вложува во клубот, па Бертус Сервас најави дека можеби ќе треба да се продаваат дел од најдобрите ракометари, меѓу кои и Игор Карачиќ.

Хрватот верува дека Келце ќе се спаси и ќе го избегне најлошото.

„Не знам, изненаден сум. Знаев дека цело време се водат разговори за градот да му помогне на клубот, имаше притисок за тоа, но она што се случи е ново. Сепак јас се уште верувам дека ќе се најде решение, дека Келце ќе се спаси“, изјави Карачиќ за хрватските медиуми.

Потерата по ракометарите на Келце веќе започна, па на претседателот Сервас ќе му биде тешко да го задржи целиот играчки кадар.