Карачиќ, Душебаев, Каралек…ги добија сите заостанати плати од Келце!

Се чини дека работите во полскиот првак Келце се враќаат во нормала. Иако се уште траат преговорите со новите спонзори, претседателот Бертус Сервас ги исполни обврските кон ракометарите заклучно со месец јуни.

Алекс Душебаев, Игор Карачиќ, Артем Каралек, Андреас Вулф…ги добија сите заостанати плати од штотуку завршената сезона, а дел од платите од март па наваму беа намалени за повеќе од половина.

Оваа информација ја потврди маркетинг директорот на Келце на социјалните мрежи, но полскиот „Спортове факти“ пишува дека доколку не бидат собрани потребни средства за следната сезона од акцијата со донација и продажбата на сезонски билети, дел од ракометарите ќе може да си заминат.