Карантин, ден стоти: Лауге Шмит со лакирани нокти! (ФОТО)

Ракометарот на Веспрем, Расмус Лауге е во домашна изолација заради коронавирусот, а откако беше објавено дека еден играч од клубот е позитивен тој ќе мора да помине дополнително време дома.

Сепак, и не е толку лошо што е дома бидејќи има повеќе време да помине со најблиските и семејството.

На социјалните мрежи се појави фотогрфија на која се гледа како Данецот се забавува со својата ќерка. Освен ноктите на малото девојче, беа лакирани и ноктите на Лауге.