Карантинот ништо не промени – Поповски најдобар стрелец, Амичитија пак загуби

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски и неговите соиграчи од Амичитија Цирих им се вратија на натпреварите по карантинот во кој беа поради позитивните случаи во екипата.

Амичитија играше на домашен терен против шампионот Кадетен Шафхаузен и загуби убедливо со 25-25.

Поповски со пет погодоци беше прв стрелец во домашниот тим, но десното крило имаше слаба реализаиција, 5/13.

Амичитија Цирих досега освои само еден бод и се наоѓа на 10 место на табелата, а следниот натпревар ќе го одигра по паузата за ЕХФ неделата.