Карабатиќ се врати на терените, ПСЖ победнички ја стартуваше турнејата во Јапонија!

По фудбалерите, и ракометарите на ПСЖ заминаа на подготовки и пријателски натпревари во Јапонија.

Екипата на Раул Гонзалез се врати на тренинзите на 24 јули, а денеска го одигра првиот пријателски натпревари против Токио Тристарс.

ПСЖ славеше убедливо со 36-27 против тимот во кој кариерата ја заврши Лук Абало, легендарното десно крило.

Но главната вест не е победата на ПСЖ, туку камбекот на терените на Никола Карабатиќ. 39-годишниот бек заигра првпат по пет месеци пауза.

Деби во дресот на ПСЖ имаа и данскиот лев бек Јакоб Холм и норвешкиот десен бек Кент Робин Тонесен.