Карабатиќ сака да продолжи со ПСЖ

Легендарниот Никола Карабатиќ има договор со францускиот ПСЖ до крајот на тековната сезоната 2022/23.

Карабатиќ посакува да игра и на Олимписките игри во 2024 година во Париз, па затоа преку „Л’Екип“ му порача на раководството дека би сакал да остане во ПСЖ уште една сезона.

„Сакам да останам во клубот и да го продолжам договорот. Ништо не ми гарантира дека ќе бидам во составот, но сакам во тоа да верува. Сфатив дека се чувствувам добро, во форма сум и сакам да продолжам“, вели Карабатиќ.

Тој е трикратен европски првак со Монпелје, Кил и Барселона, а со селекцијата на Франција исто така има три титули од Олимписките игри, на кои сака да игра и во 2024 година во Париз.