Капитенот на Вардар ги отвори подготовките – Стоилов почна прв со тренинзи (ФОТО)

Ракометарот кој беше капитен на Вардар во сезоните во кои „црвено-црните“ го креваа пехарот од Лигата на шампионите, Стојанче Стоилов порано од другите тргна со тренинзи за новата сезона. Тој почна со подготовките така што сака комплетно подготвен да го дочека стартот.

Стоилов полека се враќа во ритам и покажува дека и во новата сезона ќе биде лидер на вардарци во новиот поход кон Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Оттаму ова ќе биде интересна сезона во која Вардар ќе има тешка задача.

Инаку, подготовките треба да стартуваат в сабота во Скопје.