Капитенот на Бутел Скопје не ја менува средината, останува во клубот кој ќе игра Лига Европа

Претставникот на Македонија во Лигата на Европа, Бутел Скопје и во новата сезона ќе има што да покаже на теренот, а раководството на клубот ги задржува играчите кои и лани играа во тимот.

Еден од оние кои потпишаа е капитенот Бојан Спасовски, кој е задоволен што ќе има можност да продолжи со игрите за тимот на Бутел Скопје.

„Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до уште поголем успех од минатите две сезони. Ги задржавме носителите на играта во нашиот тим и за следната сезона, а имаме одлична соработка со тренерот Грчевски. Ги имаме сите услови кои ни се потребни, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во Лигата на Европа, каде исто така очекувам достојно претставување на клубот и на Македонија“, изјави Спасовски.

Во подготовките за новата сезона екипата на Бутел Скопје ќе учествува и на турнирот во Струга во август. Што се однесува до противникот за Лигата на Европа истиот ќе го добие утре кога ќе биде извршена ждрепката за 1. квалификациско коло.