„Како селектор му ја дадов капитенската лента на Лазаров“

Во резимето на Стојан Петрушевски, актуелниот помошник тренер на Давид Дејвис во Вардар, стои дека бил селектор на машката младинска, но и на сениорската репрезентација.

Тој дури откри дека во неговото водење на А националниот тим Кирил Лазаров станал капитен.

„Сега кога ќе се присетам кога јас бев селектор на Македонија, Кирил Лазаров стана капитен. Бевме во ‘Континентал’ на собир и Иван Марковски откажа настап поради приватни проблеми. Размислував некое време и потоа во договор со Михајло, како претседател на Федерацијата одлучивме тој да стане капитен. Беше многу примерен и културен и дисциплиниран. Еднаш побара да задоцни половина час, затоа што бил на свадба, му дозволив. Навистина задоцни само половина час, и кога се врати во хотел, ми тропна на вратата и ми кажа дека се вратил. Јас сум за да им се даде поддршка на македонските селектори. Кире, со се што сторил играчки заслужува шанса и доверба и поддршка, иако факт е дека како што е потребно да минат години и да се порасне како играч, така треба време и работа и трпение за да се порасне и како тренер.“

Викенд-интервјуто со Петрушевски прочитајте го подолу…

ИНТЕРВЈУ СТОЈАН ПЕТРУШЕВСКИ: Животот ми е ракомет, Вардар ми е дома – ќе се разболам ако заминам од клубот!