Како сега изгледа ракометарката што лани стана машко? (ФОТО)

Сите што следат женски ракомет, сигурно се сеќаваат на левото крило од Шведска, Луис Санд, која настапуваше за Савехоф и за шведската репрезентација во дуелите против ЖРК Вардар и Македонија.

Во јануари минатата година таа реши да стави крај на ракометната кариера и да стане ТОЈ. Ракометарката на францускиот Флери уште веднаш беше на операција за промена на полот, а во разговор за шведските медиуми, откри дека е на половина од процесот.

„Едвај сум на пола пат. Процесот на промена на полот е долг“, изјави Луи.

Луи Санд сега држи предавања за животот и за тоа низ што се поминал, а почнал повторно да тренира ракомет.

„Откако ја завршив кариерата, ракометот не ми недостигаше се до пред два месеци, кога добив потреба да се вратам на терен. Сега тренирам со младинскиот на Савехоф во машка конкуренција, како и со првиот тим на женската екипа“, вели Санд.

Тој би се вратил на теренот, но овојпат како машко.

„Таа идеја ми падна на памет, но сега тренирам само затоа што го сакам ракометот и тој прави да се чувствувам добро. Никогаш не вели никогаш. Сега сфаќам дека многу време поминав во овој спорт, но уживам во секој момент“, продолжува Санд.

Левото крило откри дека не се променил карактерно, иако го промени полот.

„Ме изненади поддршка од многумина. Тоа многу ми помага. Смешно е што оние кои ме познаваа претходно, кажуваат дека сум созреал, но јас сум и понатаму истото г.м.о“, низ смеа заврши Санд.

Луи Санд сега живее со девојката, фудбалска репрезентативка на Шведска – Ема Берглунд.