Како изгледа календарот на ЕХФ за јуни и јули – што, кога и каде ќе се игра

Глобалното ширење на коронавирусот направи отежнување во одигрување на планираните европски натпревари, во машка и женска конкуренција. Според предвидувањата наскоро нема да има ракометни натпревари. Со оглед на ваквата состојба, Европската ракометна федерација како раководно тело на европскиот ракомет презентираше план за потенцијален повторен старт на европската ракометна сезона.

Иако останува чисто теоретски засега, планот предвидува натпревари да продолжат на почетокот на јуни 2020 година. Во сценариото не е предвидено никакви натпревари организирани под капата на ЕХФ да се играат во април и мај, при што првите натпревари продолжуваат во првата недела од јуни.

За секоја недела, планот за натпреварување вклучува и најнов датум до кој натпреварите можат да бидат откажани од страна на ЕХФ. Планот исто така вклучува процедури за понатамошна квалификации засновани врз спортски резултати постигнати во веќе завршени рунди. Вклучувајќи ја внатрешната координација со професионалниот ракометен борд и женскиот ракометен борд следниот преглед беше презентиран и потврден од Извршниот комитет на ЕХФ во вонредна средба, организирана како видео конференција, во средата.

Резиме на одлуките на Извршниот комитет на ЕХФ

* Натпреварите ќе се играат само доколку се обезбеди безбедно опкружување за сите вклучени
* Ако не можат да се играат сите натпревари и истите се откажат, резултатите постигнати од веќе завршените рунди ќе сметаат за понатамошните квалификаци по потврда на ЕХФ
* Во април и мај нема да се играат натпревари организирани под капата на ЕХФ
* ЕХФ Ф4 турнирите и финалето во машкиот ЕХФ Куп ќе бидат одложени и префрлени за нивните алтернативни датуми во август и септември 2020 година
* Новиот план за натпревари во кој е прикажан во потенцијалниот распоред од 3 јуни до 5 јули, вклучувајќи ги квалификациските рунди за машките и женски клупски и женските национални натпреварувања е потврден од страна на Извршниот комитет
* Даден е мандат за соодветно прилагодување на ракометниот календар 2019/20 и според развојот на меѓународната спортска сцена, на пр. Олимписките игри и соодветните квалификации, календарот 2020/21 исто така може да се прилагоди.

Преглед на завршните турнири

* ЕХФ Ф4 за жени во Будимпешта, закажан за 9 и 10 мај 2020 година, ќе биде префрлен на неговиот алтернативен датум, 5 и 6 септември 2020 година

* Завршниот турнир во ЕХФ купот за мажи во Берлин, закажан за 23 и 24 мај 2020 година, ќе биде префрлен на неговиот алтернативен датум, 29 и 30 август 2020 година.

* ЕХФ Ф4 во Келн, закажан за 30 и 31 мај, ќе биде префрлен на неговиот алтернативен датум, 22 и 23 август 2020 година

ЕХФ Маркетинг и неговите соодветни тимови кои работат на организацијата на настани веќе ја подготвуваат целата програма и сите купени билети за трите настани ќе останат валидни. ЕХФ ЕУРО 2020 за мажи до 20 години закажан од 2 до 12 јули во Австрија и Италија, како и соодветните ЕХФ шампионати за младинци во БиХ и Летонија, ќе бидат одложени за периодот од 13 до 23 август, паралелно со машката ЕХФ ЕУРО до 18 години во Словенија и ЕХФ шампионатите за мажи до 18 години во Бугарија, Македонија и Црна Гора.

Преглед план за натпревари за јуни/јули 2020 година

Недела 1 (од 1 до 7 јуни)
* ЕХФ Лига на шампиони за мажи. Осминафинале (првиот натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
* Групна фаза на ЕХФ Купот за мажи (5. коло во среда / четврток; 6. коло во сабота / недела)
* Четвртфинале од Челинџ купот за мажи (првиот натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
*Женски квалификации за ЕХФ ЕУРО 2020, 3 до 6 коло, одиграни во формат на турнир со сите натпревари на едно место (среда до недела)
Последен датум за откажување на овие натпревари од страна на ЕХФ е 15 мај 2020 година.

Недела 2 (8 до 14 јуни)
* Не се планирани натпревари во ЕХФ

Недела 3 (15 до 21 јуни)
* Четвртфинале од женска Лига на шампиони (прв натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
* Женски ЕХФ Куп и женски Челинџ Куп се предвидени да се играат во формат на ЕХФ Ф4 на едно место во текот на два игра дена
* Прва фаза од плеј-офот на Светското првенство во 2021 година (прв натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
Последен датум за откажување на овие натпревари од страна на ЕХФ е 29 мај 2020 година.

Недела 4 (22 до 28 јуни)
* ЕХФ четвртфинале од Лигата на шампионите за мажи (прв натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
* Четвртфинале од ЕХФ купот за мажи (првиот натпревар среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
* Челинџ куп за мажи е предвидено да се игра во формат ЕХФ Ф4 на едно место во текот на два дена.
Последен датум за откажување на овие натпревари од страна на ЕХФ е 5 јуни 2020 година.

Недела 5 (29 јуни до 5 јули)
* Плеј-фо за машкото СП 2021 година, фаза 2 (првиот натпревар Среда / четврток; втор натпревар сабота / недела)
Потврда за овие датуми ќе се бара со ИХФ. Последен датум за откажување на овие натпревари од страна на ЕХФ е 12 јуни 2020 година.