Како заврши минатата сезона, така продолжи оваа – десетка на Симона Гроздановска

Македонската интернационалка Симона Гроздановска продолжува со одличните настапи низ Швајцарија. Македонката и нејзината екипа Винтертур на домашен терен беа подобри од Брул со два разлика, 30:28.

По стартниот пораз во првото коло од Нотвил, денес Винтертур ја забележа првата победа во новата сезона во рамките од швајцарската Супер лига.

Гроздановска и нејзините колешки на полувреме имаа солидна предност од 18:12. Во второто полувреме дојде до мало опуштање во домашната екипа, а составот на Брул успеа да намали дел од предноста на домаќинот.

Со десет постигнати гола, Гроздановска беше прв стрелец во победничкиот табор. Во третото коло екипата на Винтертур силите ќе ги одмери со Амичитија Цирих.