Каков татко, таква ќерка – Во семејството Мицевски се работи и за време на одмор (ВИДЕО)

Младата голманка, која претставува голема надеж на Македонија, Јована Мицевска ја користи секојa можност да ја одржува формата.

Таа настапува во Франција, но во моментов е во Македонија, па користи време за работа со својот татко Зоран Мицевски, кој беше поранешен фудбалски репрезентативец на Македнија и член на состав кој го одигра првиот натпревар против Словенија.

Секоја вежба е интересна, а има што да се научи и во ракометот од голманите од фудбал.

Како изгледаше дел од тренингот на Јована Мицевска можете да погледнете во видеото во продолжение.