Каде и против кого ќе игра Македонија на ЕП – Берлин, Манхајм или Минхен…

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие ривалите во групната фаза на Европското првенство во 2024 година во Германија.

Македонија се најде во третиот шешир пред ждрепката за групите на континенталниот собир, на кој ќе играме во јануари следната година.

Од сите шешири ќе добиеме силни ривали, па дури и од четвртиот каде што има неколку незгодни репрезентации.

Местото во третиот шешир значи дека Македонија нема да игра против Хрватска, Чешка, Полска, Србија и Босна и Херцеговина, а нема ниту против Франција и Шпанија, бидејќи една од овие две селекции ќе биде во групата со „коцкестите“.

Ждрепката за групите ќе се одржи денеска од 17:45 часот.

Шешири пред ждрепката за ЕП 2024:

шешир 1: Франција, Шпанија, Исланд, Норвешка, Шведска, Данска
шешир 2: Германија, Португалија, Австрија, Словенија, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска
шешир 4: Швајцарија, Романија, Грција, Црна Гора, Фарски Острови, Грузија