Кадетките стартуваат против Романија на ЕП, пресметката со Франција за крај на групната фаза

Женската кадетска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за настапот на Европското првенство во Црна Гора.

Избраничките на Кристијан Грчевски ќе го отворат континенталниот собир со дуел против Романија на 3 август од 15:45 часот.

Следниот ден македонските кадетки ќе играат против топ фаворитот Унгарија во пладневниот термин од 13:30 часот.

Последната средба од групната фаза против уште еден од фаворитите на ЕП, Франција, ќе се игра на 6 август во вечерниот термин од 20:15 часот.

Европско првенство, кадетки, распоред на натпревари:

3 август, 15:45, Македонија – Романија
4 август, 13:30, Македонија – Унгарија
6 август, 20:15, Македонија – Франција