Кадетките и младинките ги дознаа ривалите на ЕХФ шампионатите

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена се одржа ждрепката за Европските првенства и ЕХФ шампионатите за кадетки и младинки претстојните лета.

Младинската женска репрезентација ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот и ја избра групата во која ќе игра. По натпреварите во групната фаза, прво и второпласираните играат полуфинале, а освојувачот на ЕХФ шампионатот обезбедува место на Светското првенство 2022 година.

Македонија ќе се соочи со репрезентациите на Холандија, Фарски острови, Косово и БиХ.

ЕХФ Шампионат (У19) – Македонија (8-15 јули)

ГРУПА А: Исланд, Полска, Белорусија, Финска, Велика Британија
ГРУПА Б: Холандија, Фарски острови, Македонија, Косово, БиХ

Кадетската женска репрезентација ќе настапува на ЕХФ шампионат во Литванија, во градот Клаипеда. По групната фаза ќе се играат натпреварите за пласман и полуфиналињата, а доколку Македонија се пласира во финалето, ќе обезбеди место и за кадетките и за младинките ранг погоре, на следното ЕП, како и на следното СП во кадетска конкуренција во 2022 година.

Македонија ќе се соочи со селекциите на Шпанија, Литванија, Финска, Косово и Велика Британија.

ЕХФ Шампионат (У17) – Литванија (7-15 август)

ГРУПА А: Шпанија,Литванија, Македонија, Финска, Косово, Велика Британија

ГРУПА Б: Исланд, Полска, Белорусија, Турција, Летонија.