Кадетите против Швајцарија, кадетките против Полска во битка за финале

ЕХФ шампионатите во кадетска конкуренција на кои учествуваат и репрезентациите на Македонија се наоѓаат во финишот, па од утре до недела ќе биде познато на кое место ќе завршат момците и девојките кои ја претставуваат нашата земја. Јасно е дека нема да биде полошо пласирани од 4. место, но се наоѓаат во трка за финале.

Утре кадетите ќе го имаат полуфиналето против составот на Швајцарија, која денеска го совлада тимот на БиХ. Македонија и Швајцарија ќе играат во вториот дуел од 18 часот така што ова ќе биде интересен дуел на кој кадетите ќе се најдат пред голем предизвик.

Претходно во првото полуфинале од 15:30 часот ќе се сретнат селекциите на Полска и БиХ. Победниците од овие два дуели ќе играат во финалето в недела во истиот термин.

Кадетките, пак, утре ќе бидат слободни, а в сабота ќе се соочат со составот на Полска во второто полуфинале од 18 часот. Претходно Шпанија ќе игра против Исланд. Победниците од овие два натпревари в недела од 16 часот ќе играат во финалето.

Желбите и очекувањата се Македонија да обезбеди две финалиња, а утре и задутре ќе се види дали в недела ќе може да се ужива во два натпревари еден по друг на кои Македонија ќе се обиде да направи голем успех.

ЕХФ ШАМПИОНАТ ЗА КАДЕТИ – СКОПЈЕ

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

ПЕТОК, 13 АВГУСТ

15:30ч

ПОЛСКА – БИХ

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

ЕХФ ШАМПИОНАТ ЗА КАДЕТКИ – КЛАИПЕДА (ЛИТВАНИЈА)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

САБОТА, 14 АВГУСТ

15:30ч

ШПАНИЈА – ИСЛАНД

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА