Кадетите на силни тестови против Египет, Романија и Црна Гора

Новата генерација македонски кадети ќе има силни проверки пред квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2024 година.

Ракометарите што ќе ги предводи Наум Танески ќе бидат дел од силниот турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плоешти.

Покрај Македонија и домаќинот Романија, на овој турнир ќе настапат и Црна Гора и Египет, а турнирот ќе се игра од 25 до 29 октомври.

Овие дуели ќе бидат добра подготовка за настапот на квалификациите за ЕП 2024 против Косово, Словачка и Швајцарија од 4 до 8 јануари 2024 година.

Наум Танески именуван за селектор на кадетската репрезентација!