Каденас со Аргентина до Токио

Селекторот на машкта репрезентација на Аргентина, Маноло Каденас останува на кормилото на оваа селекција и во иднина односно неговиот договор продолжува до Олимписките игри во Токио.

Каденас имаше договор со важност до ова лето и после завршувањето на Олимпијадата требаше да си замине и да се посвети на клупскиот ангажман. Сепак, откако игрите беа одложени за следното лето работите се изменија, па тој доби уште една година плус на договорот.

Ова значи дека Каденас ќе ги предводи Аргентинците и на Мундијалот во Египет во јануари. Тој е на кормилото на Аргентина од април во 2017 година, а истата освои сребрен медал на игрите на Јужна Америка.

Покрај тоа што е селектор на Аргентина, Каденас е и тренер на тимот на Адемар Леон.