Кавадарчани пресилни за неготинци

Ракометарите на Тиквеш ја забележаа втората победа на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.

Кавадарчани беа пресилни за составот на Вардар Неготино и славеа со убедливи 12 погодоци разлика, 30-18.

Победата беше најавена уште по првото полувреме кога избраниците на Никола Матлиески имаа плус пет, 13-8.

Тиквеш ќе тестира на два пати со грчкиот тим ПАОК Солун, а генералката пред стартот на Суперлигата ќе биде против Пролет.

Неготинци пак почнаа со подготовки подоцна од планираното, а новиот тренер Игор Котевски допрва ќе треба да ги склопи коцките околу играчкиот мозаик.