Кавадарчани го промовираа новото засилување: Кондев ќе дава голови за ГРК Тиквеш (ВИДЕО)

Екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци во обидот да дојде до опстанок во Супер машката лига го засилува својот тим и за таа цел во своите редови го донесе младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Кондев.

Сега веќе поранешниот ракометар на Металург, кој пред некој ден објави дека го напуштил клубот од Автокоманда, ќе биде добро засилување за Тиквеш во битката за опстанок.

Кондев беше дел од кадетската репрезентација на Македонија на Мундијалот кој во 2019 година се одржа во Македонија. За ГРК Тиквеш настапуваше во минатата сезона кога оваа екипа играше во Првата лига и се покажа како добро засилување.

Оттаму во Кавадарци добро ги знаат неговите квалитети и не е изненадување фактот што е ангажиран за да ги засили редовите на ГРК Тиквеш во обидот да се дојде до опстанок во Супер машката лига.