Кавадарчани ги задржаа пивотите: Окардов и Стефановиќ верни на Тиквеш

Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.

Како што одамна најави 24Ракомет, српскиот кружен напаѓач Никола Стефановиќ ќе остане уште една сезона во Тиквеш.

Кавадарчани информираа дека е продолжена соработката на уште една сезона и со Ристе Окардов, кој останува во матичниот клуб.

Претходно беа обновени договорите со крилата Кондев, Коцев, Лазов и Темелкоски, како и со бековите Милков и Симиќ.

Тиквеш е дел од групата Б во Суперлигата и ќе игра против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор КВ, Голден Арт и Скопје.