И Унгарија и Црна Гора ставија СТОП на ракометот

Корона вирусот во последните денови одложи голем број на натпревари, а земјите кои се решаваат на ваков чекор стануваат сè повеќе.

Најновите на овој список се Унгарија и Црна Гора кои одлучија да направат пауза до смирувањето на ширењето на вирусов Ковид 19.

Досега и Унгарија и Црна Гора не планираа да ги одлагаат натпреварите, но откако Владите на овие земји донесоа одлуки дојде до поместување на планираниот календар така што ќе има поместување.

Од она што се знае во моментов во Црна Гора паузата засега е само 15 дена, но дополнително ќе се знае дали истата ќе остане или ќе биде зголемена.

Што се однесува до Унгарија таму прекинот почнува од денеска, а не е познато до кога истиот ќе трае.