И Лауге се враќа во Данска, ама не во Алборг

Средниот бек на Веспрем и на данската репрезентација, Расмус Лауге Шмит, следното лето ќе се врати во татковината.

Според данската ТВ2, Лауге ќе се пресели во Бјерингбро Силкеборг во летото 2023 година, една година пред истекот на актуелниот договор со унгарскиот гигант, а трансферот треба да биде официјализиран следната недела.

Новиот дрим-тим Алборг со богата понуда се обидел во последен момент да го „украде“ Лауге, но тој го избрал Силкеборг, тимот во кој ја започна професионалната кариера.

Таму Лауге играше од 2009 до 2013 година, пред да се пресели во Бундес лигата, каде со успех ги носеше дресовите на Кил и Фленсбург шест сезони. Во 2019 година замина во Веспрем, каде што игра и денеска.