И Карачиќ со честитка: Уште еден чекор сме поблизу до историја (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, а сега член на Келце, Игор Карачиќ се приклучи на големиот број на честитки до репрезентативките на Хрватска, кои се хит на шампионатот во данска.

Карачиќ упати пофални зборови, а во честитката рече:

„Драги наши ракометарки. Од срце би сакал да ви честитам за досегашниот успех. Вашите срца, вашата борба, вашата глава за победа можат и мораат да бидат патоказ за сите. Уште еден чекор сме поблизу до историскиот успех. Знам дека ќе дадете сè за тоа да успеете да го остварите. Одиме сите заедно, над сите“, им кажа Карачиќ во честитката за ракометарките.

Хрватките денеска ја совладаа Романија со 25:20 така што се „рамо до рамо“ со Норвешка во Групата 2 и на чекор од пласман во полуфиналето и историскиот успех.

Честитката на Карачиќ во оригинал можете да погледнете во видеото во продолжение.