И во Кавадарци почнаа активностите, ГРК Тиквеш фаќа суперлигашки залет (ФОТО)

Деновиве се предвидени за старт на тренинзите за новата сезона и полека сите екипи кои ќе играат во Супер машката лига се подготвуваат за настап. Почетокот на тренинзите веќе го означија повеќе од пола тимови, а денеска се придружија и ракометарите на ГРК Тиквеш.

Кавадарчани почнаа во речиси комплетен состав. На првиот тренинг се појавија Србите Медиќ и Смиљаниќ, а недостига само Белорусинот Напал, чие доаѓање е предвидено за 2 август.

Исто како и кај другите тимови почетокот на тренинзите ќе биде на отворено, а потоа ќе се почне постепено да се влегува во сала и да се одработува според планот кој го има зацртано тренерот Томче Петрески.