ИХФ ги објави термините за олимписките квалификации

Во пресрет на последниот филтер пред Олимписките игри Интернационлната ракометнa федерација ги одреди термините кога ќе се играат квалификациските дуели. Женските турнири ќе се одиграат во Шпанија, Унгарија и Црна Гора од 20 до 22 март, додека машките турнири се играат од 17 до 19 април Франција, Германија и Нрвешка.

Секоја група е составена од по четири репрезентации, од секоја првите две обезбедуваат билет за Токио и настап на олимпискиот ракометен турнир кој е на програмата од 25 јули до 9 август.

Дванаесет репрезентации веќе имаат обезбедено пласман на Олимпските игри, Јапонија е квалификувана како домаќин и во машка и во женска конкуренција. Актуелните светски шампиони Данска во машка и Холандија во женска конуреција имаат обезбедено настап. Исто така преку првенства и квалификации од секој континент по една селекција се квалификување за ОИ. Кај мажите Шпанија, Египет, Бахреин и Аргентина, а кај жените Франција, Ангола, Кореја ии Бразил.

Во продолжение комплетниот распоред за олимписките квалификации во машка и во женска конкуренција.

Женски квалификации

Турнир 1 – Лирија, Шпанија

20 март 2020 година
Сенегал – Аргентина 18:15
Шпанија – Шведска 21:00

21 март 2020
Шведска – Аргентина 18:00
Шпанија – Сенегал 20:30

22 март 2020 година
Аргентина – Шпанија 18:30
Шведска – Сенегал 21:00

Турнир 2 – Ѓер, Унгарија

20 март 2020 година
Казахстан – Унгарија 17:00
Русија – Србија 20:00

21 март 2020 година
Србија – Унгарија 17:30
Русија – Казахстан 20:30

22 март 2020 година
Србија – Казахстан 17:30
Унгарија – Русија 20:30

Турнир 3 – Подгорица, Црна Гора

20 март 2020 година
Романија – Тајланд 17:00
Норвешка – Црна Гора 19:30

21 март 2020
Црна Гора – Тајланд 17:00
Норвешка – Романија 19:30

22 март 2020 година
Црна Гора – Романија 16:00
Тајланд – Норвешка 18:30

Машки квалификации

Турнир 1 – Трондхајм, Норвешка

17 април 2020
Чиле – Република Кореја 17:30
Норвешка – Бразил 20:00

18 април 2020 година
Бразил – Република Кореја 17:30
Норвешка – Чиле 20:00

19 април 2020 година
Бразил – Чиле 17:30
Република Кореја – Норвешка 20:00

Турнир 2 – Париз, Франција

17 април 2020 година
Тунис – Португалија 18:30
Франција – Хрватска 21:00

18 април 2020 година
Хрватска – Португалија 18:30
Франција – Тунис 21:00

19 април 2020 година
Хрватска ш- Тунис 18:30 часот
Португалија – Франција 21:00

Турнир 3 – Берлин, Германија

17 април 2020 година
Германија – Шведска 17:15
Словенија – Алжир 19:45

18 април 2020 година
Германија – Словенија 17:15
Шведска – Алжир 19:45

19 април 2020 година
Алжир – Германија 15:45
Шведска – Словенија 18:15