Историски пораз: Веспрем е првиот тим кој постигнал 41 гол против Вардар во Скопје

Екипата на Веспрем денешната победа против Вардар ќе ја запише во историјата на „црвено-црниот“ тим бидејќи е првиот тим кој во Скопје успеал да стигне до 40 и повеќе погодоци.

Никој досега не успеал да стигне до ваква бројка иако Веспрем може да се пофали дека успевал да погоди и по 38 пати и тоа во минатата сезона.

Сепак, историјата памети само два натпревари на кои Вардар во Лигата на шампионите примал над 40 погодоци, а и во двете ситуации се 41. Првпат тоа се случи во сезоната 2003/04 против Барселона, но на гостински терен во поразот од 19:41.

Денеска ова беше убедливо најтешкиот пораз бидејќи е со резултат 27:41 против тим кој беше фаворит, но и против тим со кој не се очекуваше ваков епилог бидејќи со малку поангажирана игра во одбраната сигурно немаше да има толку примени погодоци.

НАЈМНОГУ ПРИМЕНИ ПОГОДОЦИ ВО ЛШ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ

41

Веспрем (Унгарија, 2020/21)

38

Веспрем (УНгарија,2019/20)

37

Сур (Швајцарија, 1999/00)

36

Кристијанштад (Шведска 2015/16)

Мешков Брест (Белорусија, 2020/21)

35

Барселона (Шпанија, 2003/04)

Барселона (Шпанија, 2009/10)

34

Загреб (Хрватска, 2007/08)

Елверум (Норвешка, 2020/21)