Исланѓани ќе им судат на Пик Сегед и Вардар

Натпреварот меѓу Пик Сегед и Вардар од 7. коло во Лигата на шампионите ќе биде одигран на 18 ноември од 18:45 часот, а на оваа средба на теренот ќе се најдат арбитри од Исланд.

Овој дуел ќе биде еден од поинтересните во колото, а ќе го судат Јонас Елијасон и Антон Палсон.

Делегат на оваа средба ќе биде Јиржи Конечни од Чешка.

Вообичаено средбите од новото коло во Лигата на шампионите ќе бидат одиграни в среда и в четврток, а доаѓаат после паузата за ЕХФ неделата.

Вардар после шест натпревар е на 6. место со пет бода освоени во првите три средби, додека Пик Сегед се наоѓа две позиции повисоко со осум поени.