Исландски арбитри ќе делат правда на дуелот меѓу Вардар и Мешков Брест

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреарите од шестото коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар ќе играат дома со белорускиот првак Мешков Брест и ќе бараат рехабилитација за двата порази од Кил и Веспрем.

ЕХФ ги делегираше исландаските арбитри Јонас Елиасон и Антон Палсон да делат правда на натпреварот, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Исланѓаните му суделе на Вардар шест пати, а нашиот тим победил на само еден од тие натпревари.

Барселона – Вардар 30-23, 2013/14
Вардар – Веспрем 23-24, 2014/15
Келце – Вардар 27-24, 2016/17
Вардар – Монпелје 27-28, 2017/18
Нант – Вардар 27-26, 2017/18
Загреб – Вардар 23-29, 2017/18