Искри на теренот: Браќата Симоне делеа своја правда, Марсениќ се вмеша…(ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Србија и Аргентина речиси можеше да дојде до сериозен инцидент на ракометарите на овие две репрезентации, но за среќа бргу се смири целата хаотична ситуација.

Се започна со прекршокот на Пабло Симоне врз Урош Борзаш. На фаулот на Пабло Симоне брз Борзаш, бурно реагираше кружниот напаѓач Михајло Марсениќ, кој му „влета во лице“ на Симоне.

Тогаш во одбрана на Пабло застана неговиот брат Диего Симоне, а резултатот од целиот епилог беше две исклучувања за Аргентина, односно за браќата Симоне и едно исклучување за Србија, односно за Мијајло Марсениќ.